13.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Шоубиз

Откако поднесе барање за развод минатата недела, Аријана Гранде веќе има нова љубов

По две години брак со Далтон Гомез, срцето на Аријана Гранде повторно е зафатено! За Аријана Гранде и новиот партнер Итан Слејтер се вели дека се навистина среќни и добри еден за друг, а ги поврзува приказната за бракоразводната постапка.

Љубовниот живот на ѕвездата на Дизни во последно време е навистина турбулентna. Откако пред неколку недели беше објавено дека и дојде крајот на брачната идила со Гомез, се чини дека пејачката не губи време и сега ужива во друштво на актерот, кого веќе го претстави во својот круг на најблиски луѓе.

Се шпекулира дека Слејтер и Гранде започнале романса на снимањето на „Wicked“ во Лондон минатата година, а минатата недела пејачката била видена со американскиот актер во Дизниленд. Извори на „DailyMail“ тврдат дека младенците се вистински среќни.

„Тие се навистина среќни и многу добри еден за друг. Сите нејзини пријатели го сакаат“, велат тие, откривајќи дека со нив во Дизниленд биле голема група пријатели и мајката и братот на Аријана.

Поврзани вести

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Radmila Tasevska

Дуа Липа раскина со 14 години постариот дечко

Urednik

🎥Џенифер Лопез проговори за своите планови за брак и ги остави сите без зборови

Urednik