СТАНДАРД life
Секс и врски

Жени откриваат: Мажите со овие особини се најдобри во кревет

Женскиот оргазам отсекогаш бил комплицирана тема, а многу мажи сè уште не разбираат сè за него. Многу фактори влијаат каков љубовник ќе биде мажот и дали интимната врска ќе биде добра или лоша.

Но, според една неодамнешна студија, објавена во списанието Socioaffective Neuroscience & Psychology, одредени доблести укажуваат дека мажот може да биде добар љубовник и да ве доведе до оргазам порано од мажите на кои им недостасува таа доблест. Истражувајќи ја сексуалната историја на жените, експертите се обиделе да утврдат со какви партнери имаат најдобар сексуален однос и редовно достигнуваат кулминација, пишува City Magazine.

Во истражувањето учествувале жени до 69 години кои не се во врска или во брак, бидејќи експертите верувале дека жените во врска би се чувствувале должни да им дадат подобра оцена на своите сегашни партнери, дури и ако тие навистина не го заслужуваат тоа. Во 70-минутниот тест, испитаниците одговарале на различни прашања за нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека најдобрите сексуални односи ги имале со смешни мажи.

Се покажа дека смислата за хумор е одличен предиктор за сексуалните вештини бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во различни ситуации, вклучително и во интимните, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите и, на крајот, добар секс.

Меѓу другите квалитети се издвоила и креативноста. Мажите кои се креативни во други области од животот полесно ја изразуваат својата креативност под чаршафите. Мажите со овие квалитети покажале поголем интерес за сексуалното задоволство на нивните партнерки отколку мажите кои не ги поседувале.

Две особини што ги имаат само најдобрите љубовници

Поврзани вести

Неколку чекори со помош на кои жените полесно ќе постигнат оргазам

Radmila Tasevska

Откријте кое е идеално време од денот за водење љубов: Лош тајминг – големо разочарување!

Radmila Tasevska

Какви чуда создава редовниот секс со вашето тело?

Radmila Tasevska