СТАНДАРД life
Балкан микс

Семејството Капичиќ збогатено за уште еден член

Српскиот актер Стефан Капичиќ и неговата сопруга, хрватската актерка Ивана Хорват Капичиќ, ја споделија среќната вест за раѓањето на нивното второ дете.

Веста ја потврдија со фотографија на Инстаграм, а Ивана откри дека родила момче на кое му дале име Себастијан

“Нашето момче е тука! Ти си совршен. Како твојот брат. Те сакаме многу”, напишале среќните родители покрај објавата.

За потсетување, хрватско-српската актерска двојка се запозна пред десет години на снимањето на серија, а се венчаа во 2017 година во Лос Анџелес.

Во мај 2020 година го добија своето прво дете.

Поврзани вести

Официјален распад на „најидеалниот“ спортски брак! Откриена е причината зошто Ана и Бастијан се разведоа

Urednik

Тони Цетински за петте концерти на Александра Пријовиќ во Загреб: „Мора да имаме квалитетен одговор“

Urednik

Јоксимовиќ снимил дует со Цеца!

Urednik