СТАНДАРД life
Балкан микс

Ѓоковиќ заработува милиони, а вечера за 16 евра

Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ ужива на годишниот одмор.

Откако ја посети Хрватска, замина во Црна Гора, а со секој негов потег луѓето се воодушевуваат, особено поради неговата скромност.

Имено, тој вечерал во ресторан таму и за оброкот платил 16 евра, за ова сведочи една од вработените за српски „Блиц“.

– Ноле веќе некое време е во Портонова, а годинава дојде по втор пат. Нашиот ресторан е еден од најскромните на оваа локација. Новак побара целосен оброк со пијалок за 16 евра, сите беа изненадени. Дојде таму без помпа како сите други… Дојде, вечераше, остави добар бакшиш, се сликаше со сите, воопшто не се однесуваше како ѕвезда! – тврди работникот во ресторанот.

Само да потсетиме, додека Кристијано Роналдо одмараше во Дубровник на вечери со пријателите, оставаше и до 2.000 евра по вечера.

Поврзани вести

Масимо на последниот концерт пееше три часа, никој не знаеше колку е болен и кој го чека зад сцената

Urednik

Шерифовиќ откри што добила од претседателот на Србија за победата на Евровизија

Urednik

Почина Жарко Лаушевиќ, еден од најпознатите актери во поранешна Југославија

Urednik