СТАНДАРД life
Шоубиз

Необично враќање на бој-бендот кој „жареше и палеше“ во деведесеттите: По 22 години доаѓа нова музика

NSYNC, бој-бендот составен од Џастин Тимберлејк, Џеј Си Чесез, Џои Фатоне, Крис Киркпатрик и Ленс Бас, треба да објави нова песна за саундтракот на претстојниот филм „Trolls Band Together“.

Џастин го дава гласот за ликот по име „Бранч“ во филмот, а другите членови на бој-бендот исто така се очекува да имаат помали улоги во филмот, кој ќе излезе на 20 октомври.

Враќањето на NSYNC изненади многумина бидејќи групата немаше издадено заедничка песна од „Girlfriend“ од 2001 година.

Изненадното обединување беше навестено во трејлерот за филмот, во кој лик по име Флојд му кажува на ликот на Џастин: „Не сме синхронизирани. Прераснавме од момчиња во мажи, а сега има само еден пат по кој можеме да одиме: по споредните улици“, мислејќи на Backstreet Boys, исто така големи ривали на NSYNC.

Првично се формираа во 1995 година, но се разделија во 2002 година кога соло кариерата на Џастин го надмина претходниот успех на бендот, благодарение на песните „Rock Your Body“ и „Cry Me A River“.

Последен пат ги видовме овие петмина во април 2018 година, кога добија ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, пренесува The Sun.

Поврзани вести

Вистинска холивудска приказна: Го сними „Барби“, доби дете и сега – се омажи

Urednik

Селин Дион за прв пат во јавноста: Пејачката откажала се поради тешка болест, а вака сега изгледа (ФОТО)

Radmila Tasevska

Богатството на Пери се проценува на 120 милиони долари. Кој ќе го наследи?

Radmila Tasevska