СТАНДАРД life
Балкан микс

По операцијата, поранешниот тапанар на Бијело дугме повторно хоспитализиран

Откако неодамна беше подложен на итна операција поради аневризма, поранешниот тапанар и гитарист на Бијело дугме, Милиќ Вукашиновиќ (73), повторно е во болница. Тој се заразил со бактерија и имал проблеми со дишењето.

– Имав чувство дека ќе се задушам и во 3 часот по полноќ се јавивме во Итна помош, која ме префрли во Ургентниот центар во Белград – изјави Вукашиновиќ за „Аваз“.

За среќа, дишењето му се стабилизирало, но трпи силни болки во ногата.

– Но ме боли ногата како после операцијата. Тоа е расек од 6 центиметри, потоа и пресекоа нерви што не требаше и тоа сега ги боли. Неконтролирано боли. И ниту еден лек што ми го даваат не може да ја ублажи болката – изјави музичарот.

– Сега му кажав на докторот да ми дава морфин. Лекарот рече дека ако лекот не делува, ќе има. Но, тоа се дава накратко. Не сакаат од мене да направат наркоман – додал Милиќ.

Инаку, неговата сопруга Сузана неодамна и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи и откри дека музичарот се чувствува добро по операцијата, но се чини дека ситуацијата веќе не е таква.

– Фала му на Бога, Мича беше опериран, се помина добро. Благодарност до д-р Игор Кончар, неговите колеги хирурзи и целиот медицински персонал за се што направија и му го спасија животот. Исто така, им благодарам на сите мои пријатели и драги луѓе за сета поддршка што ми ја дадовте. Ве бакнувам и ве сакам – објави тогаш таа.

Да потсетиме, кариерата на овој талентиран музичар, освен членството во култниот Бијело дугме, ја одбележаа и неговите ангажмани во бендовите Индекси и Ватрени полљубац, кои го направија неизбришлив дел од музичката историја.

Фановите и музичките колеги од целиот регион упатија зборови на поддршка и желби за брзо закрепнување на овој музички гигант.

Поврзани вести

Кога ќе го дознаете вистинското занимање на Здравко Чолиќ, ќе се зачудите

Urednik

„Лузните на лицето се само мал показател за сите исеченици на душата“: Ана Николиќ првпат за тешкиот период низ кој минува

Radmila Tasevska

Ковачевиќ: Сакам да навлегувам во детали и сум перфекционист, но тоа се рефлектира на мојата емоционална состојба и стрес

Urednik