СТАНДАРД life
Балкан микс

По операцијата, поранешниот тапанар на Бијело дугме повторно хоспитализиран

Откако неодамна беше подложен на итна операција поради аневризма, поранешниот тапанар и гитарист на Бијело дугме, Милиќ Вукашиновиќ (73), повторно е во болница. Тој се заразил со бактерија и имал проблеми со дишењето.

– Имав чувство дека ќе се задушам и во 3 часот по полноќ се јавивме во Итна помош, која ме префрли во Ургентниот центар во Белград – изјави Вукашиновиќ за „Аваз“.

За среќа, дишењето му се стабилизирало, но трпи силни болки во ногата.

– Но ме боли ногата како после операцијата. Тоа е расек од 6 центиметри, потоа и пресекоа нерви што не требаше и тоа сега ги боли. Неконтролирано боли. И ниту еден лек што ми го даваат не може да ја ублажи болката – изјави музичарот.

– Сега му кажав на докторот да ми дава морфин. Лекарот рече дека ако лекот не делува, ќе има. Но, тоа се дава накратко. Не сакаат од мене да направат наркоман – додал Милиќ.

Инаку, неговата сопруга Сузана неодамна и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи и откри дека музичарот се чувствува добро по операцијата, но се чини дека ситуацијата веќе не е таква.

– Фала му на Бога, Мича беше опериран, се помина добро. Благодарност до д-р Игор Кончар, неговите колеги хирурзи и целиот медицински персонал за се што направија и му го спасија животот. Исто така, им благодарам на сите мои пријатели и драги луѓе за сета поддршка што ми ја дадовте. Ве бакнувам и ве сакам – објави тогаш таа.

Да потсетиме, кариерата на овој талентиран музичар, освен членството во култниот Бијело дугме, ја одбележаа и неговите ангажмани во бендовите Индекси и Ватрени полљубац, кои го направија неизбришлив дел од музичката историја.

Фановите и музичките колеги од целиот регион упатија зборови на поддршка и желби за брзо закрепнување на овој музички гигант.

Поврзани вести

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

Јелена Карлеуша објави листа на блокирани профили на Инстаграм

Radmila Tasevska

„Фрајле“ откриваат што се случува зад сцената: Еве за што се работи

Radmila Tasevska