СТАНДАРД life
Шоубиз

(ФОТО)Остава без здив и на 53 години: Клаудија Шифер го покажа виткото тело во бикини

Клаудија Шифер, една од најпознатите модни икони на 90-тите, воодушеви со сензационален изглед на прославата на својот 53-ти роденден.

Нејзината беспрекорна фигура беше изложена во разиграно бикини со сина, жолта и црвена шема, која ги истакна нејзините издлабени нозе и мускулестиот стомак.

Таа по повод роденденот објави и видео на кое како резултат на позирање и слета пеперутка на раката, а на своите обожаватели им покажа и поглед на атмосферата од прославата, каде не недостигаа златни балони и раскошни колачи.

„Прославување во грчки рај, со посебен пријател кој дојде да ми честита роденден“, напиша таа, алудирајќи на пеперутката.

Клаудија зборуваше за стареењето во минатото, инсистирајќи на тоа дека е природно да старее и рече дека не чувствува „завист или љубомора“ кон помладите модели.

Сепак, судејќи по нејзината линија на 53 години – нема причина за завист!

Поврзани вести

„Maestro“ веќе е кандидат за Оскар – доби седумминутни овации во Венеција

Urednik

Ким Кардашијан се огласи во врска со војната во Израел (ФОТО)

Radmila Tasevska

Стифлер од „Американска пита“ се разведува по четири години брак

Radmila Tasevska