СТАНДАРД life
МК Сцена

Режисерката Тамара Котевска во друштво на Амал Клуни во Венеција

Корежисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска одржа говор на 80. издание на „Филмскиот фестивал во Венеција“ за нејзиниот нов документарен филм The Walk.

Таа на фестивалот била во друштво на сопругата на Џорџ Клуни, Амал како и самиот Клуни.

„80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција. Чест ми е што се сретнав со еден од најголемите светски борци за човекови права: Амал Клуни“, напиша Котевска на својот Инстаграм профил.

Инаку Котевска беше облечена во црно бела комбинација со интересен крој на панталоните и кроп-блуза.

Една од наградите кои Котевска во 2019 година во Санденс ги освои за документарецот „Медена земја“, беше и онаа за „Влијание за промена“. Котевска на фестивалот го најави новиот долгометражен документарец The Walk, кој ќе има светска премиера на Њујоршкиот фестивал во ноември.


Поврзани вести

Интервју со Таско: Емоциите се сведени на нула, би сакал малку да „разбијам“ со поемотивни и подлабоки теми

Urednik

По пауза од 6 години, Пиколомини се враќа на сцена со нов музички материјал

Urednik

Објавена програма за Андерфест фестивал 6

Urednik