ОФИЦИЈАЛНО – пејачот Џо Џонас и ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер се разведуваат по четири години брак. Џонас поднел барање за развод во судот во Мајами и ангажирал адвокат.
„Дејли Мејл“ дошол до судски документи во кои се наведува дека нивната врска е „неповратно прекината“. Двојката сака да го дели старателството над тригодишната ќерка Вила и едногодишната ќерка, чие име се уште не го објавиле, иако во документите е наведена како Д.Ј.
„Во најдобар интерес на малолетните деца е странките да ја делат родителската одговорност“, наведува во документите адвокатот на пејачот.
Џонас бара тој и Софи да направат план и распоред за тоа кога децата ќе бидат со кого.
Документите, исто така, наведуваат дека страните „склучиле важечки и спроведлив предбрачен договор“ на 29 април 2019 година – неколку дена пред да се венчаат во Лас Вегас. Адвокатот на Џонас не го вклучил предбрачниот договор во барањето за развод за „да се заштитат правата на приватност на двете страни“, но документите сугерираат, пишува „Дејли мејл“, дека пејачот не планира да бара алиментација од Тарнер.
„Двете страни имаат капацитет да издржуваат малолетни деца и двете треба да бидат обврзани да придонесат за поддршка на малолетните деца“, се наведува во документот. Џонас е застапуван од адвокатот на Вест Палм Бич, Томас Џеј Сасер, додека бизнис менаџерката на Тарнер, Кери Малколм, е наведена како нејзин примарен контакт во документацијата.
Да потсетиме, пред неколку дена се појавија гласини дека парот се разведува. Изворите велат дека имале сериозни проблеми во последните шест месеци. Наводно, во последните три месеци Џо речиси цело време се грижел за нивните две мали деца, дури и додека неговиот бенд бил на турнеја во САД.