СТАНДАРД life
Шоубиз

Меган Фокс е новата Нитара во Mortal Kombat

Одлични вести за гејмерите – во Mortal Kombat повторно се враќа лик кој сите го сакаа и кој отсуствуваше 17 години! Нитара е повторно тука, а холивудскиот секс симбол Меган Фокс го позајмува својот глас.

Студиото NetherRealm, креаторот на серијата Mortal Kombat, официјално ја потврди веста и откри дека ја избрале Нитара да ја „оживее“ ѕвездата на филмовите „Трансформери“ и „Нинџа желки“.

Нитара, вампирот на подземјето, последен пат се појави во Mortal Kombat: Armageddon. Тоа е игра за PlayStation 2, па знаете колку време помина од тогаш.

Самата Меган изјави дека е пресреќна што има можност да биде дел од франшизата што самата ја игра и дека „не може да поверува дека го дава гласот за ликот во нова игра“.

Инаку, Mortal Kombat 1 пристигнува на 19 септември за PlayStation 5, Xbox Series X|S, Nintendo Switch и PC.

Поврзани вести

Том Круз ја прекинал врската со 36-годишната Русинка?

Radmila Tasevska

Расел Бренд се соочува со нови обвиненија за силување

Urednik

📷Тејлор Свифт е личност на годината за 2023 година на „Time“ магазинот

Urednik