СТАНДАРД life
Стил

Сензационален изглед: Џесика Честејн блесна во златен фустан со вртоглаво деколте

Црвенокосата холивудска ѕвезда Џесика Честејн повторно донесе гламур на црвениот тепих на 80-от филмски фестивал во Венеција на премиерата на нејзиниот нов филм „Memory“.

Во блескав фустан на Gucci со длабоко деколте што ја истакнуваше нејзината витка фигура, убавата актерка изгледаше како вистинска филмска дива.

Џесика Честејн
Џесика Честејн

Впечатливиот фустан кој беше комплетно украсен со светки кои привлекуваа светло на секој чекор, таа го искомбинира со златни платформи.

Нејзината стилистка Елизабет Стјуарт додаде интересен накит на овој шик стајлинг, додека елегантна фризура и беспрекорна шминка го комплетираа ова модно издание за чиста петка.

Поврзани вести

📸Лекција по француски шик од Брижит Макрон

Urednik

Од омразени до најпопуларни: Овие летни панталони од ден на ден стануваат се попопуларни

Urednik

📸Волшебно и раскошно: Прекрасна невеста во венчаница од бајките која ретко се гледа

Urednik