СТАНДАРД life
МК Сцена

Кино Љубов ја започнува својата приказна пред македонската публика

По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали „Кино Љубов” ја започнува својата приказна и пред македонската публика.

Ова уметничко остварување, е продуцирано од Јани Бојаџи и Дејан Милошевски а сценарист и режисер е Јани Бојаџи.

Во главните улоги настапуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин. Композитор на музиката е реномираниот Горан Трајковски, дизајнер на звукот е Игор Василев, продукциски дизајнер Лазе Трипков а директор на фотографијата е Иван Зороски.

Премиерата на „Кино Љубов” ќе се одржи во Киноверзум – Штип во Петок на 13-ти октомври во 21 часот.

За прв пат се случува македонска премиера на игран филм да се одржи надвор од Скопје. Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кино традиција. Киноверзум со нас го споделува нашиот ентизијазам и градовите надвор од Скопје да се етаблираат како кино и филмски центри.

Поврзани вести

Echoes in the Wild: Планината станува сцена за млади креативци

Urednik

Македонски автори и изведувачи наградени на фестивалот во Тиват

Urednik

(Фото) Се појави фотографија од свадбата на легендарната Сашка Петковска, а Маја Вукичевиќ раскажа емотивна приказна за неа

Urednik