СТАНДАРД life
Храна

Извалкајте и уживајте: Меки ребра во маринада од мед

Сочните ребра со густ и фин сос малкумина оставаат рамнодушни. Овој специјалитет можете да го подготвите дома и да ги израдувате вашите најблиски со вкусен оброк.

Состојки:

лажица сол, лажица бибер, лажица пиперка, лажица чили во прав, 1 кг свинско ребра, 350 гр мед, 120 мл соја сос, 5 чешниња лук, кромид, морков, компир по желба, сусам

Подготовка:

Исечете ги ребрата на парчиња со големина на порција, ставете ги во пластична кеса со патент. Сите преостанати состојки соединете ги во сад и прелијте ги ребрата со половина од маринадата. Запечатете ја кесата и протресете за да се обложат ребрата од сите страни. Оставете ја кесичката во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Протресете повремено. На денот на подготовката исцедете ја маринадата од кесичката, а ребрата ставете ги во подмачкана тава. Покријте ги со алуминиумска фолија и печете еден час на 180 степени. Прелијте ги ребрата со остатокот од маринадата и во тавата додајте ги исчистените кромид, моркови и компири по желба. Ребрата посипете ги со сусам. Печете, непокриено, уште 30-45 минути или додека месото не омекне.

Поврзани вести

Превкусни бомбици за поенергичен почеток на денот

Radmila Tasevska

ТОПЧИЊА СО СУСАМ: Идеални се за празници, мезе кое ги освојува сите

Urednik

Супер брз ручек: Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака

Radmila Tasevska