Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со години соработува со продуцентот Филип Милетиќ. Долго време се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе од обична соработка, но Севе неколку пати го демантираше тоа и рече дека тие се само пријатели и колеги.
Таа овој пат објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил и јавно му го честита роденденот на Филип.
„Среќен роденден, убав“, напиша пејачката заедно со нивно заедничко селфи.
Да потсетиме, Северина и Филип моментално се заедно во жирито на шоуто „Суперстар“. Тој има продукциска куќа, а работеше и на неколку нејзини хитови како „Бред Пит“, „Италијана“ и „Узбуна“.
Освен што работат заедно, тие се дружат и приватно. Неколку пати оделе на патувања, од каде објавувале заеднички фотографии.