СТАНДАРД life
Стил

📸Никол Кидман воодушеви во уште еден одличен црн фустан

Кога сакаме гламур, најсигурната опција е секогаш црн фустан! Во ефективноста на црната боја уште еднаш не увери Никол Кидман, која прошета на изложба на луксузни часовници во уште една ефективна облека во која црната боја зазема централно место.

Никол Кидман овој четврток заслепуваше во Њујорк, облечена во елегантен фустан украсен со луксузна машна. Фустанот се одликуваше со бардо деколте со разголени рамења и тесен, речиси корсетиран горен дел што драматично се разгоре во сатенско здолниште со долг шлеп, а најпредизвикувачкиот дел беше дефинитивно длабокиот шлиц.

Никол Кидман
Никол Кидман

Црниот фустан со спуштени раменици и висок шлиц, потпишан од модната куќа Баленсијага, актерката го заокружи со црни хулахопки и високи црни потпетици со зашилени врвови.

За да ја подобри ноќта посветена на часовниците „Омега“, актерката носеше и сребрен часовник од луксузниот швајцарски бренд.

Поврзани вести

Деми Мур во уште еден стајлинг кој вреди да се ископира од глава до пети

Urednik

„Грдите“ сандали ја освоија и кралицата на црвениот тепих

Urednik

📸Ниту ниските температури не ја натераа познатата бринета да го сокрие својот фантастичен фустан со капут

Urednik