СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за таљатели со вргањ

Предноста на денешниот рецепт е што не треба да трошите многу време за подготовка.

Состојки:

* 400 гр вргањ
* 360 гр таљатели
* 20 чери домати
* 2 лажици маслиново масло
* 1 чешне лук
* сол по вкус
* бибер по вкус

Подготовка:

Загрејте го маслото со лукот. Додадете добро измиени вргањи и оставете ги да се варат десетина минути.

Додадете сечкани чери домати и варете до крај, посолете го и побиберете го сосот. Ако е малку суво, додадете мала чаша вода!

Во меѓувреме сварете ги таљателите во солена вода.

Земете дел од сосот и иситнете го со миксер.

Исцедете ги тестенините и прелијте ги со измешаниот дел од сосот.

Додадете ги преостанатите вргањи за украсување на садот…и на здравје!

Поврзани вести

🎥Совршена домашна „Нутела“

Urednik

Оригинален рецепт за помфрит со сланина

Urednik

Највкусната палента што сте ја пробале: За кремастото совршенство ви требаат само 5 состојки

Urednik