Оваа едноставна торта со сливи ќе ги задоволи и најпребирливите, а најдоброто нешто во неа е што се подготвува релативно брзо и не е комплицирана:
Состојки:
за полнење:
* 250 гр сливи
* 1 лажица кафеав шеќер
* 1 лажица густина
* 1 лажичка цимет
За посипување:
* 100 гр путер
* 110 гр кафеав шеќер
* 100 гр интегрално брашно
* 40 гр овесна каша
Подготовка:
Измијте ги и издлабете ги сливите, па исечете ги на парчиња. Додадете ги сите други состојки и измешајте. Ставете ги во огноотпорен сад.
Во блендер измешајте ги путерот, кафеавиот шеќер, интегралното брашно и овесната каша и посипете преку овошјето.
Се пече во загреана рерна на 180°C половина час.
На здравје!