СТАНДАРД life
Балкан микс

Тони Цетински за петте концерти на Александра Пријовиќ во Загреб: „Мора да имаме квалитетен одговор“

Пејачот Тони Цетински проговори за својот брачен живот, кариера, а се осврна и на успехот на Александра Пријовиќ.

Имено, тој и неговата сопруга Далиборка имале лоши и убави моменти, а едно од најтешките секако било кога таа доживеала мозочен удар.

-Кога ти ја чувствуваш сопругата и таа те чувствува како два столба кои го држат тој напон кој би се нарекол живот. Секако дека животот има подеми и падови, но кога сте постојано во таква врска и кога имате толку голема поддршка и почит еден кон друг, тогаш сè е некако полесно – изјави Тони за магазинот ИН.

Тони и неговата сопруга решија да побегнат од градската гужва и сега половина од времето го поминуваат во Ровињ, а другата половина во селото Радетиќи.

– Селото е феноменално. На село човек одмара, после три дена имаш полни батерии и пак одиш меѓу народот. Добро е малку да се одмориме за да се оттргнеме од метежот – изјави пејачот.

Александра Пријовиќ распродаде пет Арени во Загреб, а Тони размислуваше за нејзиниот успех.

– Па, ни останува само да и честитаме на девојката и да и посакаме добро здравје и да ги заврши тие пет арени. Мора да имаме свој квалитетен одговор во однос на квалитетна музика и да се потрудиме и ние да наплниме пет арени – заврши тој за ИН Магазин.

Поврзани вести

📷 Сите очекуваа да дојде со вереницата, но згрешија: Милош Биковиќ на премиерата на филмот со СПЕЦИЈАЛНА ДАМА

Radmila Tasevska

📸 Северина со мустаќи од Тајланд: „Потребна ми е депилација“

Radmila Tasevska

Ема Радујко: Моето поранешно момче е најдобриот фраер на естрадата

Radmila Tasevska