СТАНДАРД life
Балкан микс

СЕ ПОРОДИ ЛУНА ЏОГАНИ! Ријалити ѕвездата доби уште една ќерка, таткото подготви огномет и факели, слави ПРЕД ЗГРАДАТА!

Луна Џогани и Марко Миљковиќ добија второ дете!

Ријалити ѕвездата Луна Џогани стана мајка по втор пат. Таа го роди девојчето Лана, а само еден ден пред закажаниот царски рез се огласи на социјалните мрежи и откри дека спакувала сè што ќе и треба по породувањето и откри дека посетила и фризер, да би била убава кога ќе пристигне нејзината ќерка“.

Луна веќе има една ќерка Миа со сопругот Марко Миљковиќ.

„Ти благодарам Боже што ми даде, што јас сум твојата мајка … Ти благодарам што ме избра, ме направи среќна и ме научи на вистинските вредности на животот. Мајка ти те сака засекогаш“, напиша Луна на Инстаграм ден пред да оди во болница.

Гордиот тато веќе е подготвен да го прослави доаѓањето на наследничката, па се опреми со пиротехника „која ќе ја запали пред зградата“.

„Марко е вооружен за доаѓањето на второто дете. Се опреми со најдобра и најквалитетна пиротехника за прославата да изгледа што е можно поубаво и романтично со оглед на тоа дека е доаѓањето на уште едно девојче. Подготви огномет, чад и факели, кои ќе ги запали пред зграда и ќе снима се за каналот Јутјуб каде Луна и Марко обично прво ги објавуваат сите вести од нивниот живот. Решил да ги собере најблиските пријатели и членовите на семејството дома за да можат да уживаат во комплетната атмосфера во интимна атмосфера, во која во одреден момент се приклучува и Луна преку видеоповик, како да е присутна и таа“, изјавил пријателот на Марко за Република.

„Лана пристигна“, Марко објави видео на Инстаграм и откри дека и мајката и бебето се чувствуваат добро.

Поврзани вести

📸 Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со својот син

Radmila Tasevska

Ѕвездата на „Јужен ветер“ ја спореди сопругата со Моника Белучи!

Urednik

Фолк ѕвездата ја распродаде загребска Арена: „Не можам да кажам дека сум изненадена“

Radmila Tasevska