СТАНДАРД life
Шоубиз

Познатиот актер откри дека редовно оди на психотерапија: Ова е причината

Британскиот актер Идрис Елба призна дека редовно оди на психотерапија.

Причината поради која решил да оди на терапија насмеа многумина.

Како што истакна, тој е голем работохолик, а сака помалку да работи.

Ѕвездата од серијата „Лутер“ објасни дека повеќе го релаксира да работи 10 дена без престан на исцрпувачки филмски сет отколку да седи на каучот пред телевизор и да се одмора.

„Одам на терапија, многу размислувам за промени. Не е затоа што не се сакам себеси или ништо, туку само затоа што имам нездрави навики. А јас работам во индустрија каде овие нездрави навики се наградуваат“, искрен беше Елба, а потоа додаде:

„Ништо екстремно не е добро. Сè треба да биде избалансирано. Работата е во тоа што работата ме опушта. Моето студио е мојот дом, сакам да бидам таму. Го отворам тој лаптоп, мислам „не знам што ќе правам денес“ и тогаш само доаѓа“.

Поврзани вести

Британската јавност е загрижена бидејќи престојот во болница на кралот Чарлс е продолжен

Radmila Tasevska

📷Сите се согласуваат дека ова е најпредизвикувачкиот изглед на Хали Бери: Дали навистина така излегла?

Urednik

📷Тејлор Свифт го помина Божиќ на НФЛ натпревар

Urednik