СТАНДАРД life
Шоубиз

Демнечот на Шакира, кој тврди дека пејачката е негова сопруга, е уапсен пред нејзината куќа

Осомничениот демнач кој тврдел дека Шакира е „негова сопруга“ бил уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно ѝ испраќал подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.

Даниел Џон Волтиер бил приведен во понеделникот и обвинет за следење, стои во извештајот за апсењето.

Според „Дејли Мејл“, 56-годишниот маж од Ел Пасо, Тексас наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари. Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен.

На Волтиер му бил одреден притвор и се појавил на суд во вторникот, каде рекол дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.

„Таа е моја сопруга“, му рекол тој на судијата, истакнувајќи дека „постојано разговара со неа“.

Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога пристигнал осомничениот и набрзо бил приведен.

Тимот за безбедност на Шакира му кажал на Волтиер да престане да ѝ испраќа подароци и да објавува детали за неа на интернет. Но, тие се загрижиле кога забележале објава на Инстаграм во која тој наводно се фалел дека отишол во домот на Шакира во Мајами Бич и споделил фотографија од визит-карта од мотел во Флорида.

Поврзани вести

Билборд објави листа на 20 најпуштани песни во светот во 2023 година

Radmila Tasevska

Откако поднесе барање за развод минатата недела, Аријана Гранде веќе има нова љубов

Urednik

Скандал во пресрет на Евровизија: Извршниот директор на австриската телевизија обвинет за злоставување колешка

Urednik