СТАНДАРД life
Шоубиз

Еди Марфи по 30 години повторно ќе глуми во „Полицаец од Беверли Хилс“

Еди Марфи ќе ја репризира својата позната улога, детективот Аксел Фоли, во новиот филм на Нетфликс „Полицаец од Беверли Хилс: Аксел Фоли“.

„Кога ќе дојде на снимање, никогаш не знаете што да очекувате. Обично е брилијантно. Се враќаме во 80-тите“, изјави продуцентот Џери Брукхајмер за Empire.

Еди Марфи првпат играше во франшизата „Полицаец од Беверли Хилс“ во 1984 година и се потсети на почетоците.

„Не бев нервозен. Кога си млад, ги земаш работите здраво за готово. Се се случуваше толку брзо, што немав време ни да размислувам за тоа“, рекол Марфи и додал:

Веќе 15 години се обидуваат да направат продолжение“, се пошегува Марфи.

Покрај Еди, во новиот филм ќе се појават и Жаџ Рајнхолд, Пол Рајзер, Џон Ештон и Бронсон Пинчот.

Последен пат Аксел Фоли, Марфи играше во филм од 1994 година, пишува Index.hr.

Поврзани вести

Бомбата експлодираше – гостин од Грција на свадбата тврди: Бруклин ја зборува вистината, Викторија Бекам непристојно танцуваше со синот

Urednik

📸Бритни Спирс го брани Џастин Бибер: „Срамота за оние што го осудуваат“

Urednik

Поранешната сопруга на Ендру Маунтбатен-Виндзор, Сара Фергусон, примена во клиника во Цирих

Urednik