20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
МК Сцена

„Џезтет“ – концерт на Георги Шаревски во Јавна соба

На 23. ноември (четврток) со почеток во 21:30 часот во Јавна соба врвниот композитор и гитарист Георги Шарески ќе го престави најновиот проект наречен „Џезтет“.

„Џезтет“ е всушност променлив оркестар, односно состав чија формација варира. Композициите се побрзи и динамични и претставува колекција на авторски дела на Шарески кои тој ги нарекува песни за бис, или неоткриени хитови.

Овие композиции во вистинско светло го прикажуваат разиграниот дух и единственоста на Шарески како композитор, но и неговиот необичен и неспоредлив стил како гитарист.

Во придружба на тројца од најдобрите македонски музичари, на овој навистина несекојдневен концерт, Шарески ќе го претстави својот највозбудлив репертоар до сега, жанровски шаренолика музика која не е наменета само за џез слушатели, туку за сите оние кои имаат уши.

Поврзани вести

Кајмаковски гостин на концертот на Лепа Брена во Охрид

Urednik

„SALVATORE “ – РЕСТОРАН ШТО ГИ ОТСЛИКУВА ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕФИНЕТОСТ И КУЛТУРА – ОТВОРЕН НОВ ИТАЛИЈАНСКИ РЕСТОРАН ВО СКОПЈЕ

Urednik

📽Илија Мицев и Тодор Ушитков со ново музичко дело „Тајм”

Urednik