СТАНДАРД life
МК Сцена

„Џезтет“ – концерт на Георги Шаревски во Јавна соба

На 23. ноември (четврток) со почеток во 21:30 часот во Јавна соба врвниот композитор и гитарист Георги Шарески ќе го престави најновиот проект наречен „Џезтет“.

„Џезтет“ е всушност променлив оркестар, односно состав чија формација варира. Композициите се побрзи и динамични и претставува колекција на авторски дела на Шарески кои тој ги нарекува песни за бис, или неоткриени хитови.

Овие композиции во вистинско светло го прикажуваат разиграниот дух и единственоста на Шарески како композитор, но и неговиот необичен и неспоредлив стил како гитарист.

Во придружба на тројца од најдобрите македонски музичари, на овој навистина несекојдневен концерт, Шарески ќе го претстави својот највозбудлив репертоар до сега, жанровски шаренолика музика која не е наменета само за џез слушатели, туку за сите оние кои имаат уши.

Поврзани вести

(Фото) Васил Гарванлиев со сопругот го прослави католичкиот Божиќ и го покажа прекрасно декорираниот дом

Urednik

Во БиХ започна снимањето на филмот „Павилјон“ со македонска копродукција

Urednik

Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во Њујорк

Urednik