20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

Никол Кидман и Антонио Бандерас глумат во новиот еротски трилер

ФИЛМ студиото А24 работи на нов еротски трилер, наречен Babygirl, во кој главните улоги ќе ги толкуваат Никол Кидман, Антонио Бандерас и Харис Дикинсон, пишува IndieWire.

Филмот следи успешна извршна директорка (Кидман), која започнува забранета љубовна врска со нејзиниот многу помлад практикант (Дикинсон). Бандерас во филмот ќе го игра сопругот на Кидман.

Освен нив, во филмот се појавуваат и Софи Вајлд, која глуми асистентка која е сведок на аферата и Жан Рено, која е главен ривал на директорката.

„Babygirl“ е во режија на холандската актерка и режисерка Халина Рејн, која го напиша и сценариото за еротскиот трилер. Рејн претходно работеше со студиото А24 на минатогодишната комедија Bodies Bodies Bodies, во која глумеа Амандла Стенберг, Марија Бакалова, Ли Пејс, Пит Дејвидсон, Рејчел Сенот и Чејс Суи Вондерс.

А24 го финансира еротскиот трилер на Рејна, а на филмот работат и продукциските куќи 2AM и MAN UP film. Извршни продуценти се Џулија О, Зак Натман и Кристин Д’Соуза.

Датумот на премиерата на Babygirl се уште не е познат, но снимањето би требало да започне во декември оваа година во Њујорк.

Поврзани вести

Бракот на Џеј Ло и Бен Афлек во сериозна криза

Radmila Tasevska

Шерон Стоун не била првиот избор за улогата во „Ниски страсти“: „Мајкл Даглас не сакаше ни да тестира снима со мене“

Urednik

📸Сопругата на Бруклин Бекам позира гола, тој веднаш реагираше на експлицитната фотографија

Urednik