СТАНДАРД life
Балкан микс

Лепа Брена најави концерт во загрепската Арена за една година, а билетите веќе речиси распродадени

Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена (63) најави концерт во загрепската Арена следната година на промоција на сопствениот бренд чорапи „Лејди Б“ во Загреб.

– Знаете дека треба да испланираме година-две однапред, па тоа е она што најмногу со задоволство го најавувам. Драги мои, кои сакате да се забавувате и да уживате во песните на Лепа Брена, се гледаме во Арена на 06.12.2024 година – изјави пејачката за „Екстра ФМ“.

Откако го најави својот концерт, Брена за еден ден ги распродаде речиси сите билети. На страната стои дека фан питот, ВИП масите, салоните и долните трибини се распродадени.

Ѕвездата на поранешна Југославија со распродадени билети за краток период успеа уште еднаш да ја докаже својата големина.

Таа синоќа гостуваше на четвртиот концерт на Александра Пријовиќ (28), а двете заедно ги пееја хитовите на Брена „Hajde da se volimo“, „Poželi sreću drugima“ и „Šeik“.

– Аплауз ве молам за најголемата икона Лепа Брена – кажа вчера на концертот Пријовиќ.

Поврзани вести

Нина Бадриќ откри што искрено мисли за Пријовиќ и нејзиниот успех во Хрватска

Urednik

Ана Николиќ пред да почне да пее се занимавала со овој бизнис: „Заработив две-три плати на мајка ми и татко ми“

Radmila Tasevska

Тони Цетински за петте концерти на Александра Пријовиќ во Загреб: „Мора да имаме квалитетен одговор“

Urednik