СТАНДАРД life
Балкан микс

Хана и Грашо чекаат второ дете?

Хрватскиот пејач Петар Грашо и Хана Хуљиќ ја изненадија регионалната јавност кога во 2021 година открија дека се во врска и дека ќе добијат бебе, а сега „24 сата““ пишуваат дека парот, веројатно, очекува уште една принова.

Таткото на Хана, Тончи Хуљиќ, исто така ги коментираше гласините.

„Би сакал повеќе внуци. Што се однесува до мене, тоа би било одлично, но никој околу мене не е бремен. Секој пат велам дека би сакал да имам уште внуци покрај Алба. Засега нема. Ќе има“, изјавил Тончи за „24 сата“, кој не крие колку е среќен откако во неговиот живот дојде внуката Алба.

„Нејзиниот голем проблем и голема придобивка во животот е тоа што хало – ефектот е неверојатен. Нема некој што нема да го разоружа. Таа те снима и те удира таму каде што си најтенок. Неверојатно“, рекол еднаш гордиот дедо.

Хана ја роди ќерката Алба минатата година во јули.

Таа и Грашо се венчаа минатиот февруари во црквата Свети Доминик во Сплит, опкружени со семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Петар Грашо за Алба: „Хана менува пелени, јас имам концерти навечер“

Поврзани вести

Ана Николиќ пред да почне да пее се занимавала со овој бизнис: „Заработив две-три плати на мајка ми и татко ми“

Radmila Tasevska

📷Марија Шерифовиќ покажа како ужива во прошетката со синот во Лос Анџелес

Urednik

Здравко Чолиќ гостуваше на концертот на Дино Мерлин: Публиката воодушевено пееше заедно со музичките ѕвезди

Radmila Tasevska