СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Тејлор Свифт е личност на годината за 2023 година на „Time“ магазинот

Уредниците на „Time“ ги избраа личностите на годината за 2023 година.

Во традиција која датира од 1927 година, личноста на годината на „Time“ ја претставува личноста, групата или концептот што најмногу ги обликувал насловите – позитивно или негативно.

За оваа година во силна конкуренција беше избрана пејачката Тејлор Свифт.

Во претходните години тоа беа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, Мартин Лутер Кинг Јуниор, германската канцеларка Ангела Меркел, папата Франциск и активистката Грета Тунберг.

Личност на годината на „Time“ за 2022 година беше украинскиот претседател Володимир Зеленски и „Духот на Украина“.

Поврзани вести

Џејми Ли Кертис сака да се пензионира: Сакам да ја напуштам забавата…

Urednik

📸 Озборувањата за настапот на Мајли Сајрус не престанува: „Секоја жена кога ќе излезе од токсична врска“

Radmila Tasevska

Необично враќање на бој-бендот кој „жареше и палеше“ во деведесеттите: По 22 години доаѓа нова музика

Urednik