СТАНДАРД life
Храна

Сос од печурки – совршен додаток на многу јадења

Подготвувате компири или тестенини и ви треба идеален додаток во јадењето? Пробајте го рецептот за овој брз сос кој дури ќе стане дел од вашата празнична трпеза.

Состојки:

* 200 гр печурки
* 1 главица кромид
* 1 лажица густин
* магдонос
* 1 лажица путер
* зачини по желба
* бибер
* сол
* 100 мл крем за готвење

Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, па се пржи на путер. Додадете шампињони исечени на листови, зачинете и варете додека не испари целата течност.

Смесата измешајте ја со кремот за готвење и прелијте ги со печурките. Вака варете додека не се згусне. Додадете сечкан магдонос, измешајте и истурете во сад.

Сосот можете да го послужите со разни јадења!

На здравје!

Рижото со печурки, пармезан и вино

Поврзани вести

Јаболки во наметка: Стар рецепт што мора да го пробате!

Radmila Tasevska

Идеја за посен ручек: Ослиќ во медитерански стил

Urednik

Пита со лимон: Рецепт за освежителен летен колач без печење

Urednik