СТАНДАРД life
Шоубиз

Џулија Робертс откри каков совет би ѝ дала на својата помлада верзија

Џулија Робертс е жена која го одбележа Холивуд во деведесеттите години на минатиот век. Важеше за најдобра меѓу најдобрите, најубава и најплатена актерка, а и денес е една од најуспешните актерки од А-листата.

Редејќи филмски хитови еден по друг, како и награда по награда, тешко беше да се „избега“ од нејзиниот лик и дело.

Иако се обиде да се повлече од очите на јавноста откако стана мајка, јавноста се уште е заинтригирана од тоа што има да каже „насмевката од милион долари“.

Така, во пресрет на премиерата на нејзиниот нов филм „Остави го светот зад себе“, ја прашаа каков совет би ѝ дала на деветнаесетгодишната верзија на себе.

– Застани исправено. Се ќе биде во ред. Не ги куби веѓите – одговорила актерката, според „Пипл“.

(ФОТО)Емотивната Џулија Робертс се сети на својата покојна мајка: „Ми недостигаш секој ден“

Поврзани вести

📸 Софија Вергара се забавуваше со Меси и Суарез, го привлече вниманието во кожен фустан

Radmila Tasevska

Семејството на Метју Пери се огласи по смртта на актерот

Radmila Tasevska

Кевин Костнер зборуваше за напуштање на серијата „Yellowstone“, се заканува дека ќе ги тужи продуцентите

Urednik