СТАНДАРД life
Здравје

Невролози: Овие симптоми може да се појават години пред дијагнозата на мултиплекс склероза

Запекот може да биде ран предупредувачки знак за мултиплекс склероза, според невролозите. Тие исто така веруваат дека инфекциите на уринарниот тракт, депресијата и сексуалните проблеми може да укажуваат на тоа дека некој несвесно страда од суровата состојба.

Студијата на невролози од Универзитетот Сорбона во Париз покажа дека има пет болести кои ги погодуваат пациентите со мултиплекс склероза до пет години пред конечно да бидат дијагностицирани.

„Се разбира, не секој кој ги има овие симптоми ќе развие мултиплекс склероза. Овие симптоми се вообичаени и можат да бидат знаци на други болести”, вели д-р Селин Луапре.

Сепак, д-р Луапре смета дека ова откритие би можело да биде корисно за оние кои имаат поголем ризик да ја развијат болеста, поточно луѓето со семејна историја на мултиплекс склероза. Типични симптоми на автоимуната состојба вклучуваат отежнато одење, проблеми со видот и вкочанетост, а претходно беше откриено дека пациентите со мултиплекс склероза страдаат од запек, инфекции на мочниот меур, депресија и сексуални проблеми.

Поради непредвидливоста на симптомите, може да поминат години пред пациентите да бидат дијагностицирани со болеста. Не постои лек, но третманите како што се стероидите можат да ја контролираат состојбата и да ги ублажат симптомите.

Поврзани вести

Додавањето на овие зачини во кафето ја подобрува концентрацијата и помага за губење на тежината

Radmila Tasevska

Што е поздраво – јогурт или кефир?

Radmila Tasevska

Овие видови на зеленчук нутриционистите ги сметаат за важни за имунитетот и здравјето

Radmila Tasevska