СТАНДАРД life
Здравје

3 пијалаци за заштита од УВ зраците во текот на летото

Во лето сонцето е многу силно и ризикот од изгореници на кожата, оштетување и рак се зголемува драстично. Употребата на крем за сончање е задолжителна кога се изложуваме на сонце подолго време.

Но, има и некои пијалаци кои имаат докажано заштитно својство. Кои се тие?

Зелен чај

Зелениот чај има многу корисни својства во различни здравствени аспекти. Може да не ви се верува, но тој заштитува и од штетните UV-зраци.

Истражување објавено во The Journal of Nutrition констатира дека жените кои пијат по 4 чаши зелен чај на ден во тек на 12 недели имаат до 25% помал ризик од рак на кожата, пишува eatingwell.com.

Покрај тоа, зелениот чај тера кожата да изгледа помлада и посвежа поради присуството на антиоксиданти во него. Тоа се солидни причини да пиете од корисниот пијалак почесто, особено во лето.

Кафе

Кафето во големи количини има спротивен ефект, но сепак е важно да се знае дека тоа има својства кои ја штитат кожата од штетните сончеви зраци.

Друго истражување од 2011 година, спроведено во Harvard Medical School утврдува дека луѓето кои редовно пијат кафе имаат помал ризик од развој на базалните-клеточен карцином. Овој вид на рак е еден од најчестите видови на рак на кожата и е силно прогресивен и смртоносен.

Луѓето кои пијат по 2-3 шолји кафе на ден имаат до 20% помал ризик од развој на овој вид рак.

Црвено вино

Црвеното вино е корисно за кардиоваскуларниот систем. Тоа помага за намалување на холестеролот, а антиоксидантите во него се борат со малигните процеси во организмот.

Црвеното вино е корисно и во заштитата од ултравиолетовите зраци. Антиоксидантите во него придонесуваат и во борбата со оксидирачки процеси во клетките на кожата, забрзувањето на развојот на туморските клетки.

Во прилог појавата на брчки и фини линии се намалува. Кожата изгледа помлада и посвежа.

Важно е да се напомене дека не треба да се потпирате само на пијалаци за заштита од сонцето. Задолжително е да се користат редовно и кремови за сончање. Пијалаците се само дополнување во грижата за кожата.

Поврзани вести

Најбогатиот зеленчук со протеини

Radmila Tasevska

10 знаци дека не јадете доволно протеини

Radmila Tasevska

Чувство кое сите сме го доживеале: Зошто луѓето се лути кога се гладни?

Radmila Tasevska