СТАНДАРД life
Фото: Obra Shalom Campo Grande / Flickr
Здравје

Не кажувајте им дека се убави! Најчести грешки при давањето комплименти на вашите деца

Преку воспитувањето, многу родители веруваат дека со пофалбите ќе го зајакнат менталното здравје на своите деца, но експертите наведуваат дека честата грешка во давањето комплименти може да има сосема спротивен ефект.

Имено, д-р Сју Варма објаснила што можат да направат родителите за да одгледаат успешни и самоуверени личности. Таа нагласува дека е важно да ги препознаете достигнувањата на вашите деца, но додава дека многу родители прават грешка кога ги фалат особини како што се силата или изгледот на своите дете.

Како што наведува д-р Сју Варма, психијатар, наместо тоа, потребно е да се нагласи напорот што го вложува вашето дете за да постигне нешто.

„Често им кажуваме на децата дека се силни и дека изгледаат убаво, а тоа се фиксни особини. Треба да го нагласуваме нивниот труд. Тоа е она врз што имаат контрола“, рекла психијатарката д-р Варма.

Таа наведува дека родителите треба да го фалат секое достигнување што е резултат на учење и раст, а не она што дошло лесно или не барало никаков напор. Психијатарката наведува дека е клучно да им се покаже на децата дека успехот не лежи само во талентот, туку и во довербата во нивните способности.

„Многумина од нас велат дека не се добри во нешто, што не е вистина. Во повеќето работи можеме да бидеме добри ако вложиме доволно време. Личноста каква што станеме преку успесите и неуспесите нè подготвува за живот на сите нивоа“, изјави д-р Варма.

Поврзани вести

Чудни симптоми кои може да укажуваат на недостаток на железо

Radmila Tasevska

Клучен витамин што треба да го земате во зима: Ова се знаци дека имате недостаток

Radmila Tasevska

Три килограми помалку само за неколку дена со сушени сливи!

Radmila Tasevska