23.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
Храна

Потпечен ориз: Ручек за целото семејство

Оризот е зрно што добро се комбинира со сите состојки, а ручек со ориз со зеленчук е многу лесен за подготовка бидејќи можете да ја изберете само храната што ја сакате и да го персонализирате рецептот.

Ви претставуваме ручек кој можете многу лесно да го подготвите.

Состојки:

* 1 пакување замрзнат зеленчук
* 2 чаши ориз
* парчиња соја
* масло
* сув билен зачин

Подготовка:

Во тава подмачкана со масло ставете смеса од измиен и исцеден ориз, соја, зеленчук и зачини.

Измешајте сè и прелијте со вода за да ги покрие состојките.

Печете без мешање на 250 степени 20 минути, па уште десет минути на 150 степени.

На здравје!

Поврзани вести

Пита со тиква – највкусното есенско уживање

Urednik

Готвачка откри јадења кои никогаш не би ги нарачала за појадок

Radmila Tasevska

Посни кифлички: на целото семејство ќе им се допаднат на првиот залак

Urednik