СТАНДАРД life
Храна

Рижото со печурки, пармезан и вино

Состојки:

300 г ориз

100 мл бело вино

300 г свежи печурки

1 страк праз

маслиново масло

парче маслец

1 л зеленчукова супа

80 г пармезан

сол, црн пипер

Подготовка:

Однапред подгответе супа. Потоа во тенџере загрејте го маслиновото масло и ставете исечени печурки заедно со малку сол и црн пипер. Откако ќе поомекнат одвојте ги печурките во чинија и во истата тава во која се подготвувале ставете го маслото.

Пропржете во стопен путер, исечете праз и додадете ориз. По минута-две го ставате виното. Откако алкохолот малку ќе испари, додадете 120 мл од супа, со тоа што постојано ќе го мешате оризот.

Така продолжете да додавате по малку супа, додека оризот стане подготвен. Тргнете го тенџерето од топлина и додадете печурки, рендан пармезан и промешајте.

Поврзани вести

Највкусната палента што сте ја пробале: За кремастото совршенство ви требаат само 5 состојки

Urednik

Пржено тофу повкусно од месо

Urednik

Одморете се од тешки храни: Салата од ориз и печурки

Urednik