СТАНДАРД life
Храна

Како да направите мозаична торта?

Подготовка:

Дали некогаш сте се запрашале како да си направите мозаична торта? Мислите дека се прави само фабрички и дома не можете да го постигнете овој ефект? Грешите! Нема да поверувате колку лесно се создаваат овие мозаични форми, слични на мета, центрифуга или како уште ги нарекуваат луѓето.

Како да си направите ефектна мозаична торта?

Изберете си омилен рецепт за колач тесто. Поделете го тестото на два дела. Едниот дел оставете го природен (бел), а другиот обојте го со малку какао, по можност незасладен.

Намазнете ја тркалезната тава за печење со малку масло. Со лажица или мал садови започнете да преливате од смесата во центарот на садот. Прво истурете една лажица од белото тесто, потоа повторно во центарот на садот (врз белото тесто) прелијте и една лажица од какао тесто.

Така постепено со секоја наредна лажица (сад) тестото ќе се шири кон рабовите на садот, формирајќи мозаична форма.

Исклучително лесно! Пробајте следниот пат.

Поврзани вести

Рецепт за најпопуларната роденденска торта во Југославија, која денес е заборавена

Urednik

Посна чорба од грав со тиква

Urednik

Идеја за вкусен ручек: Пиперки полнети со печурки

Radmila Tasevska