СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Француската салата е неизбежен дел од празничната трпеза, па затоа традиционално се подготвува низ цела Македонија.

Иако многумина состојките ги прилагодуваат на желбите на своето домаќинство, оригиналниот рецепт е единствен и добро познат на сите, а ние ви го пренесуваме рецептот за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите на трпезата:

Состојки:

* 450 гр замрзната смеса од грашок и морков
* 300 гр компири
* 200 гр кисели краставички
* сол

Состојки за филот:

* 360 гр мајонез (4 кесички)
* ¼ кисели јаболка
* 2 лажици кисела павлака
* 1 лажичка сенф
* црн бипер
* сол

Подготовка:

1. Ставете ја замрзнатата зеленчукова смеса во зовриена солена вода и варете приближно 10-15 минути додека не се сварат грашокот и морковот. Во исто време, во друг сад со солена ладна вода ставете ги компирите во кора да се варат додека не омекнат доволно. Важно е да се сварат компирите цели во кората за да не се распаднат.

2. Грашокот и морковите исцедете ги и изладете ги, а откако ќе се изладат, исчистете ги компирите од кората и исечкајте ги на еднакви парчиња. Потоа исечкајте го киселото јаболко кое ќе додаде свежина на салатата и додадете го во садот со сечканиот зеленчук.

3. Мајонезот се меша со сенф, павлака, сол и бибер и се додава во смесата од зеленчук.

4. Додадете ги краставиците и нежно измешајте сè заедно.

Совет:

По желба можете да измешате и една лажица сечкан магдонос.

На здравје!

Рецепт на денот: Посна руска салата

Поврзани вести

Потпечен ориз: Ручек за целото семејство

Urednik

Колач со сланина и кромид

Radmila Tasevska

Превкусни бомбици за поенергичен почеток на денот

Radmila Tasevska