СТАНДАРД life
Храна

Идеја за посен ручек: Ослиќ во медитерански стил

Ако сте љубител на риба, имаме победнички рецепт за вас.

Покрај тоа што е супер лесен, брз, а пред се вкусен, овој начин на подготовка на ослиќ ќе ви стане омилен.

Дополнително, ќе го внесете целосниот вкус на Медитеранот во вашиот дом во поедноставена верзија на подготовката на класичното семејно јадење.

Состојки:

* 80 гр чаша маслиново масло
* 4 чешниња лук, ситно сецкани
* 6 гранчиња свежа мајчина душица
* 300 гр чаша цели бебешки домати
* 1 виолетова главица кромид исечкана на кругови
* 4 парчиња филе ослич
* 1/4 лажичка сол и бибер
* 1/2 лажичка мелен црвен пипер
* 1 чаша маслинки по ваш избор
* 80 гр сечкана лута пиперка
* 2 лажички исцеден каперси

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени.

Ставете сад за печење со маслиново масло во рерна да се загрее шест до осум минути.

Во меѓувреме, зачинете ја рибата со сол, бибер и мелен пипер.

Кога ќе се загрее плехот, веднаш додадете го лукот, половина од гранчињата мајчина душица, доматот, кромидот, рибините филети и маслинките.

Оставете да крчка и да ги впие аромите.

Потоа посипете ја рибата со сечкани пиперки и каперси.

Намалете ја температурата на рерната на 200 степени и печете ја рибата 15 до 18 минути, во зависност од големината на филето.

Кога рибата е готова, дополнително намачкајте ја со маслиново масло и посипете ја остатокот од мајчината душица.

На здравје!

Посна паштета од ослич и сардина

Поврзани вести

Популарна состојка е вишокот во вашите матени јајца, сменете ја навиката!

Radmila Tasevska

Пире од компири со динстан кромид

Urednik

Њујоршки чизкејк

Urednik