СТАНДАРД life
Храна

Посна паштета од ослич и сардина

Кога се пости, нема побрза и поздрава вечера од посна паштета од риба.

Ви пренесуваме рецепт за вкусна паштета од ослиќ и риба од сардина

Состојки:

* 1/2 кг филети ослич
* 1 пакување сардини
* 1 праз
* 2 главици кромид
* 2 чешниња лук
* лажица сенф
* оцет
* лимон
* свеж магдонос
* 1 лажица маслиново масло
* бибер, сол
* зеленчук по вкус

Подготовка:

Излупете ги филетите од ослич (по потреба исчистете ги) и кромидот.

Сардината исцедете ја и исчистете ја.

Во блендер испасирајте го сварениот ослиќ, сардината, кромидот и лукот и празот додека не се добие компактна маса.

Додадете зачини, една лажица сенф и една лажица маслиново масло.

Соединете, па пробајте и одредете ја количината на оцет што треба да се додаде по вкус.

На крајот додадете сечкан свеж магдонос или копар.

На здравје!

Поврзани вести

Штрудла со мак

Urednik

Рецепт за „паметен“ пијалок

Urednik

Чизкејк со путер од кикирики! Толку е добар што ќе барате парче повеќе

Urednik