СТАНДАРД life
Храна

МИНИ КРОФНИ СО МАЛКУ РАКИЈА ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ: Без квасец се прават брзо, посипете ги со шеќер и уживајте МАКСИМАЛНО

Мини крофните се едни од најубавите задоволства кои ги сакаат сите, без разлика на возраста.

Состојки:

* 2 јајца
* 2 лажици шеќер
* 18 гр ванилин шеќер
* 300 мл јогурт
* 10 мл домашна ракија
* кора од рендан портокал
* сок од половина портокал
* 300 грама брашно
* кесичка прашок за пециво
* малку сол
* масло за пржење
* шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер и ванилин шеќер. Потоа додадете јогурт, ракија, рендана кора од портокал, сок од портокал и брашно. Додадете прашок за пециво, малку сол и замесете мазно тесто.

Покријте го тестото со фолија додека маслото добро не се загрее.

Потопете кафена лажица во ладно масло, а потоа со неа вадете ги крофните и ставајте ги во врелото масло.
Секој пат пред земање на тесто, потопете ја лажичката во ладно масло. Пржете неколку минути, а потоа извадете ги крофните на хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло.

Посипете ги со шеќер во прав и послужете.

На здравје!

Многу лесни крофни со шеќер во прав

Поврзани вести

Овошен колач од малини без потреба од печење

Urednik

Хит коктел ова лето е Malibu Barbie Pink: Изгледа прекрасно, а има уште поубав вкус

Urednik

Појадок кој сам се прави: Пржени лепчиња од рерна за совршен почеток на денот

Urednik