СТАНДАРД life
Храна

Совршено крцкави компири: Готвач ја открива тајната на подготовката на овој деликатес

Крцкава кора и мека текстура внатре е совршена комбинација за компири. Сепак, добивањето совршен компир е задача дури и за најголемите готвачи.

Неодамна, готвачот Асдин откри дека на совршените крцкави компири им е потребна една состојка која ќе им даде таква текстура. Ова е рецептот кој го издвојува како најдобар.

Подготовка:

Исчистете ги компирите и ставете ги во ладна и солена вода околу 20 минути; се варат до половина, но да не може да се пасираат, како што советува готвачот.

Кога ќе ги исцедите во цедалка, користете вилушка за да создадете остри рабови за да ја постигнете саканата крцкавост.

Тој додава дека е потребно да се додаде една лажица брашно за да се добие дополнително крцкање.

– Ова е исто така добро време да додадете морска сол. Потоа земете плех и вклучете ја рерната да се загрее. Вклучете на 220 степени, за брзо да се загрее. Опциите како маснотии од гуска и патка се одлични за вкус, но растително или сончогледово масло се во ред доколку се навистина жешки.

По околу 15 минути намалете ја рерната на 180 степени, ставете ги компирите и продолжете со вртење на компирите на секои пет минути, додека не се постигне саканата боја и крцкавост – вели тој, пренесува „Dailymail“.

Послужете ги компирите со саканите сосови, како независно јадење или како прилог по ваш избор.

На здравје!

Поврзани вести

Посни кифлички: на целото семејство ќе им се допаднат на првиот залак

Urednik

Рецепт за леб кој не се меси

Urednik

Рецепт: Телешка чорба

Urednik