13.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Стил

Минималистичко издание: Памела Андерсон блесна во сосема природен изглед

Памела Андерсон повторно блесна во сосема природен изглед без многу шминка и така остана доследна на себе по неодамнешната одлука гордо да престане да ги крие сите знаци на стареење.

Таа ја претстави својата најнова минималистичка колекција на модната недела во Париз и ревија „The Row“. Таа се појави на неа во елегантна комбинација, соодветни скроени фармерки во светло сина нијанса со суптилни бели риги и елегантна бела кошула закопчана до вратот.

Памела Андерсон
Памела Андерсон

Како и повеќето убавици кои од првите редови ги следат најпосакуваните модни ревии, така и познатата актерка успешно го усогласи својот стајлинг со едноставниот стил на омилениот американски бренд.

Но, освен погодениот стајлинг, Памела Андерсон уште еднаш ја покжа својата природна убавина, носејќи само суптилен кармин во нијанса на праска и нежно светло розова сенка на очите.

Таа сè заокружи со гламурозен црвен маникир кој се издвојуваше на крајот од нејзините долги ракави и направи ефективен контраст со целиот аутфит.

Поврзани вести

📷Кери Бредшо сака штикли, но ниту таа не можеше да одолее на овие култни патики

Urednik

Какви чевли се овие? Кајли Џенер изненади со бизарен модел…

Urednik

Кога ќе го забележите интересниот детал на овој фустан, ќе сфатите зошто сите го гледаа

Urednik