СТАНДАРД life
Шоубиз

Започна снимањето на филмот во режија на Џони Деп со Ал Пачино во главната улога

Во УНГАРИЈА започна снимањето на филмот Modì, кој го следи животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани. Главната улога му припадна на италијанскиот актер Рикардо Скамарчи, а покрај него ќе глумат Ал Пачино, Пјер Нинеј и Луиза Раниери.

Ова е втор долгометражен филм на Џони Деп. Како режисер дебитираше во 1997 година, кога го сними нео-вестернот The Brave, во кој глуми заедно со Марлон Брандо.

Деп веќе неколку години го развива својот втор филм, а сценариото засновано на драмата на Модиљани од 1997 година го пишуваат Јержи и Мери Кромоловски.

Според официјалниот синопсис на филмот, дејството ќе се одвива во Париз во 1916 година и ќе ни покаже 48 часа од животот на познатиот сликар и скулптор. Тоа се околу два дена кои станаа пресвртница во неговиот живот и на крајот ја зацементираа неговата репутација како уметничка легенда.

Се очекува продукцијата Modì да се пресели во Италија по неколку недели снимање во Будимпешта, за која се верува дека ќе се користи како замена за Париз.

Џони Деп: Единственото место каде што се чувствувам нормално е мојот дом на Бахамите

Поврзани вести

Кралот Чарлс ја напушти болницата

Radmila Tasevska

„Роки“ требаше да биде многу поинаков, еве зашто е сменето првото сценарио

Radmila Tasevska

Светки, тантела и суптилно деколте: Амал Клуни го освои Њујорк со гламурозен стајлинг (ФОТО)

Radmila Tasevska