СТАНДАРД life
Шоубиз

Ешли Олсен тајно го родила своето прво дете

Ешли Олсен и нејзиниот сопруг Луис Ајснер станаа родители, пишуваат американските медиуми.

Оваа вест изненади многумина бидејќи двојката ја чуваше бременоста од јавноста. Тие наводно добиле дете пред неколку месеци, а полот и името се уште не се познати.

Тие се венчаа минатата година во кругот на најблиските луѓе. За првпат беа поврзани во 2017 година, но никогаш не сакаа јавно да ја коментираат врската.

„Јас и сестра ми сме дискретни луѓе“, изјавила Ешли во едно интервју.

Поранешната детска ѕвезда сега се занимава со мода со нејзината сестра Мери-Кејт и заедно го основаа брендот „The Row“.

Поврзани вести

Ѕвездата на хит серијата „Луди седумдесетти“ осудена на доживотен затвор

Urednik

Поранешни танчерки ја тужат Лизо за малтретирање и омаловажување

Urednik

(ФОТО) Џеј Ло повторно фасцинира со завидната линија во бикини

Urednik