СТАНДАРД life
Шоубиз

Ал Пачино и 54 години помладата Нур раскинаа 3 месеци по раѓањето на нивниот син

АКТЕРОТ Ал Пачино (83) и 29-годишната Нур Алфала раскинаа три месеци откако добија дете, пишува „Дејли Мејл“.

„The Blast“ се здоби со правни документи во кои Нур бара целосно старателство над нивниот син, додавајќи дека сака актерот да има права на посета.

Потсетуваме, поранешната двојка беше во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Во мај оваа година, портпаролот на актерот потврди дека Пачино и Нур го очекуваат своето прво заедничко дете.

Странските медиуми тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.

Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзувана со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

Ал Пачино (83) и Нур (29) прошетаа заедно: Парот пред два месеци го доби синот Роман

Поврзани вести

Романтичен гест на Џенифер Лопез: Првата годишнина од бракот ја одбележа на посебен начин

Urednik

Совршен летен дизајн: Познатата Германка во шармантен фустан привлече внимание (ФОТО)

Urednik

Раперот кој беше уапсен откако освои три Греми објасни што се случило

Radmila Tasevska