СТАНДАРД life
Шоубиз

Не се грижи за брчките: Дру Баримор откри зошто избегнува пластични операции

Пластичната хирургија меѓу ѕвездите е речиси норма, па освежувачки е да се види дека во морето на ботокс, филери и естетски корекции, сè уште има дами кои решиле да ги прифатат своите брчки. Меѓу нив е и Дру Баримор, која избегнува пластични операции.

Таа откри дека ги избегнува поради нејзината голема „зависничка“ природа. „Загрижена сум дека ако почанм со тоа, ќе продолжам да правам повеќе“, објасни Баримор за People. „Тоа ме плаши, само затоа што сум многу флексибилна“, додала таа.

Актерката, која како адолесцент се бореше со зависноста од дрога и алкохол (таа целосно престана да пие во 2021 година), инсистираше да не прави ништо за да се бори против процесот на стареење.

„Ќе се држам до тоа што е можно подолго. Не осудувам никого што си прави нешто себеси, но не се гледам себеси како прибегнувам кон тоа“, изјави Баримор. Сепак, таа ужива во различни производи за убавина и сака да експериментира со различни фризури и бои за коса. Поранешната детска ѕвезда призна дека толку често ја бојадисува косата што „веќе не знае како изгледа нејзината вистинска боја“.

Одењето под нож не е прифатливо за Баримор, која се надева дека ќе им покаже на своите ќерки Олив (11) и Френки (9), кои ги дели со поранешниот сопруг Вил Копелман, дека стареењето е подарок.

„Прифаќањето на стареењето е толку позитивна, здрава порака“, смета актерката.

Поврзани вести

Нова полемика околу Шакира: Пејачката е обвинета дека турнала постара жена која ја снимала (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Бритни го опиша абортусот во своите мемоари: Џастин ми даде апчиња за да ја прекинам бременоста

Radmila Tasevska

📸 Машин Ган Кели шокираше со нова тетоважа: Целосно го покри горниот дел од телото

Radmila Tasevska