СТАНДАРД life
Шоубиз

Стивен Спилберг може да гледа само еден од неговите филмови одново и одново – еве кој!

Во својата педесетгодишна кариера, Стивен Спилберг сними повеќе од триесет играни филмови од различни жанрови – од хорор филмови како „Jaws“ до драми како „Schindler’s List“.

Иако има направено голем број блокбастери кои ја одбележаа популарната култура, Спилберг призна за време на гостувањето во „The Late Show with Stephen Colbert“ дека не сака да гледа свои филмови, но единствен исклучок е Е.Т., кој може да го гледа повторно и повторно.

„Не ги гледам моите филмови откако ќе ги завршам“, изјави Спилберг. „Не се навраќам често наназад, но одвреме-навреме гледам филм со моите деца. Сакам да бидам со моите деца кога ќе го гледаат Е.Т. за прв пат. Не сакам да го гледаат тој филм без нивниот татко“.

„Понекогаш гледам работи што сакав да ги направам, но не ги направив, а понекогаш добивам идеи за работи кои подобро би се вклопиле во приказната, но ги откривам дури сега, после сите овие години. Но, Е.Т. е главно совршен филм“, додаде оскаровецот режисер.

Е.Т. е научно-фантастичен филм за осамено момче Елиот (Хенри Томас) кое се спријателува со вонземјанин, наречен Е.Т., кој случајно завршил на Земјата. Елиот, со помош на неговото семејство и пријатели, мора да му помогне на Е.Т. да се врати дома.

E.T: беше најуспешниот филм во 1982 година, а покрај комерцијалниот успех, беше пофален од многу критичари. Филмот освои дури четири Оскари, а сè уште се смета за еден од најдобрите семејни филмови на сите времиња.

„Тоа е еден од ретките филмови на кои сум работел и кој можам да го гледам одново и одново“, призна режисерот за време на интервјуто со Стивен Колбер.

„Можеби има пет или шест филмови кои можам да ги гледам одново и одново, но не го правам тоа често“, додаде тој.

Поврзани вести

📸 Брус Вилис во тешка здравствена состојба: Фотографиите што ги сподели неговата ќерка се срцепарателни

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) Џенифер Лопез покажа како изгледа без шминка: „Ова сум јас на 54, блескава и среќна“

Urednik

📸 Сцените на Софија Вергара од нејзината интима привлекоа големо внимание во јавноста

Radmila Tasevska