СТАНДАРД life
Тејлор Свифт и Тревис Келси / Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Кембриџ го објави зборот на 2025 година: Инспириран е од врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси

Кембриџ речникот (Cambridge Dictionary) го објави новиот збор на годината, а е инспириран од романтичната врска помеѓу играчот на НЛФ Тревис Келси и пејачката Тејлор Свифт.

Зборот се однесува на ситуација кога лицето чувствува дека има врска со позната личност – и покрај тоа што не ја познава лично – а тоа е зборот „парасоцијален“.

Зборот потекнува од 1950-тите кога социолозите од Универзитетот во Чикаго забележале дека телевизиските гледачи се впуштаат во „парасоцијални“ врски со оние на малите екрани.

Оваа година, зборот во пребарувањата на Гугл нагло скокна по свршувачката на Келси и Свифт.

„Парасоцијален се истакна во 2025 година од неколку причини. Јавниот интерес за тој термин значително се зголеми оваа година, како што можеме да видиме од нашите податоци: бројот на пребарувања за него во Кембриџ речникот, како и на Гугл, порасна во неколку наврати“, рекол Колин Мекинтош, главен уредник на Кембриџ речникот, пишува „Њујорк пост“.

„Интересно е од лингвистичка гледна точка бидејќи од академски термин премина во термин што обичните луѓе го користат во своите објави на социјалните мрежи. Исто така, го доловува духот на времето на 2025 година, бидејќи фасцинацијата на јавноста со познатите личности и нивниот начин на живот продолжува да достигнува нови височини“, рекол тој.

Психолозите кои го истражуваат неодамнешниот пораст на парасоцијалните врски забележаа интензивен интерес од фановите кога Свифт и Келси ја објавија веста за нивната свршувачка во август на интернет.

Поврзани вести

(Видео) Миленикот на жените му покажал среден прст на Дикаприо и на другите постари колеги, луѓето се шокирани

Urednik

Словенија е една од шесте земји што го откажаа учеството на Евровизија: „Во име на 20.000 деца убиени во Газа“

Urednik

Раперот кој беше уапсен откако освои три Греми објасни што се случило

Radmila Tasevska