СТАНДАРД life
Шоубиз

Ново обвинение за силување против Шон „Диди“ Комбс

Раперот Шон Диди Комбс е тужен од жена тврдејќи дека пејачот ја дрогирал и сексуално ја нападнал за време на состанок во ресторан во Харлем каде што работела во 1991 година, јавува Би-Би-Си.

Претставникот на раперот, кој неодамна ја реши тужбата за сексуален напад поднесена против него од страна на R&B пејачката и поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура, ги нарече последните обвинувања „измислени и неверодостојни“.

„Ова е чисто грабање пари и ништо повеќе“, рече портпаролот во изјава за Би-Би-Си во четвртокот.

Жената која го тужела, Џои Дикерсон-Нил, претходно го познавала Диди преку познаник, но учествувала и во еден од неговите музички спотови, се наведува во тужбата.

Дикерсон-Нил, според тужбата, неволно се согласила да се сретне со Диди на 3 јануари 1991 година, каде што раперот наводно ја дрогирал, што, како што вели, „ја оставило во физичка состојба каде што не можела самостојно да стои или да оди“.

Потоа раперот ја однел до местото каде што престојувал, и таму сексуално ја нападнал. Дикерсон-Нил подоцна дознала дека раперот наводно тајно ја снимал и сниката им ја покажувал на други.

Во тужбата се вели дека поради тоа нејзиниот живот паднал во „виор“ – се борела со менталното здравје и набрзо го напуштила факултетот.

„Нашата клиентка не можеше да го избегне континуираното влијание на штетата што Комбс и ја нанесе пред неколку години“, вели Џонатан Голдхирш, еден од адвокатите на тужителката.

Тужбата дојде неколку часа пред денешниот истек на њујоршкиот закон за преживеани, кој им дозволува на жртвите на сексуални злосторства да поднесат тужби по истекот на статутот на застареност.

Ова е втора тужба за сексуален напад поднесена против Комбс овој месец, откако неговата поранешна партнерка Касандра Вентура го обвини музичарот за силување и трговија со секс во федералната тужба поднесена минатата недела, во која се тврди дека раперот и продуцентот ја силувал и тепал повеќе од 10 години.

Диди ги негираше тврдењата на Вентура, а двајцата постигнаа спогодба еден ден по поднесувањето на тужбата.

Поранешна девојка го обвини Диди за силување и физичко насилство

Поврзани вести

„Не знаев кој е Роберт де Ниро“: Рис Витерспун искрено за почетоците на кариерата

Radmila Tasevska

Меган Маркл повеќе не носи веренички прстен: Принцот Вилијам е вклучен во се

Radmila Tasevska

Тишината траеше 37 години: Синди Крафорд ја нападна Опра Винфри

Urednik